Познат ајвар повлечен од српскиот пазар поради присуство на туѓо тело!

Производителот на Бакина тајна ги известил потрошувачите дека од српскиот пазар повлекува две серии благ ајвар од 550 грама.

„Бакина Тајна Ајвар 550 гр благ, серија 6610290724, со рок на употреба 29.07.2026 година и Бакина Тајна Ајвар 550 гр благ серија 6610300724 со рок на употреба 30.07.2026 година го повлекуваме производот поради можност за присуство на туѓо тело кое во промет го пласира компанијата Atlantic Brands d.o.o.“, се наведува во известувањето објавено на нивната веб-страница.

Се вчитува...

Се додава дека потрошувачите кои ги купиле споменатите производи можат да ги вратат на продажното место, каде што ќе им бидат вратени парите или ќе договорат замена на производот.

„Во оваа прилика сакаме да потврдиме и дека гарантираме безбедност и квалитет на сите други производи на пазарот. Како одговорна компанија која пред се се грижи за заштита на потрошувачите, одлуката за отповикување ја донесовме врз основа на високи стандарди за квалитет и безбедност, со цел да одржиме високо ниво на доверба во нашите производи“, се вели во соопштението.