Рон Сифас Џонс беше најпознат по улогата на Вилијам Хил во ТВ серијата This Is Us.
Актерот Рон Сифас Џон почина на 66-годишна возраст по долго и тешко боледување.
Претставник на актерот им ја потврди смртта на Џонс на своите фанови.
– Во 66-та година од животот по долга и тешка битка со белодробни проблеми почина саканиот и наградуван актер Рон Сифас Џонс. Во текот на неговата кариера, неговата топлина, убавина, дарежливост, добрина и срце ги почувствуваа сите кои имаа среќа да го запознаат – се наведува во соопштението.
Актерот беше најпознат по улогата на Вилијам Хил во серијата „Ова сме ние“, а оваа улога му донесе две Еми награди за најдобар гостин во драмска серија. Тој, исто така, глумеше во многу други продукции меѓу кои „Закон и ред: организиран криминал“, „Подобри работи“, „Лук Кејџ“, „Барајќи ја Алјаска“…
