Познат манекен од Србија вечерва е пронајден мртов

Дваесет и седумгодишниот Михаило Јањушевиќ, брат на ријалити ѕвездата Марко Јањушевиќ Јањуш вечерва е пронајден мртов.

Тој наводно бил пронајден мртов во станот што го изнајмил во Белград.

Инаку, Михаило е најмладиот од тројцата браќа Јањушевиќ.

Михаило се занимаваше со манекенство, беше и во спотот на Дара Бубамара, а последниве месеци се пишуваше на друштвените мрежи и медиуми за снимање содржини за OnlyFans, платформа за возрасни.

Деталите за трагичниот настан се уште не се точно познати.

Трагичната вест потресе многумина, а не се знае дали Јањуш се уште е информиран за тоа, бидејќи моментално е во реалното шоу „Елита“, без телефон и контакт со надворешниот свет.

Живеел сосема поинаков живот од неговите браќа Марко и Борис. Активен бил на сајт за возрасни, каде објавувал провокативни фотографии, од кои заработувал.