Братот на екс гувернерот на Њујорк и водител на вечерна позната емисија на Си-Ен-Ен, Крис Куомо е обвинет за сексуално малтретирање од страна на негова поранешна соработничка Шели Рос.
Поранешната извршна продуцентка во Еј-Би-Си го обвини водителот за непристојно допирање за време на една забава во 2005 година.
Таа тврди дека Куомо ја фатил за задникот пред нејзиниот сопруг и соработниците. Наводно, подоцна тоа го нарекол „срдечен поздрав“.
Целиот настан го опишува во писмо објавено од „Њујорк тајмс”.
„Бев на забава со мојот сопруг, кој седеше зад мене и пиеше кола без шеќер додека разговарав со пријателите од работа. Кога г-дин Куомо влезе во барот, тој отиде кај мене и ме пречека со силна прегратка и со едната рака цврсто го фати мојот задник. Можам да го направам ова сега кога веќе не си ми шефица“, ми рече со својата ароганција. „Не, не можеш“, реков и го оттурнав од мене, по што го виде мојот сопруг како седи зад мене, кој виде се` одблизу“, пишува Рос.
По ваквиот настан, таа и нејзиниот сопруг веднаш заминале од забавата, а во писмото се вели дека се става под знак прашалник моралноста, искреноста и компетентноста на Куомо.
„Иако мојот срдечен поздрав требаше да покаже дека ми беше мило што ве видов, Кристијан Слејтер беше уапсен за слично дело ,иако наводно имал лоши намери, за разлика од мене. Пренесете му ги извинувањата на вашиот многу добар и благороден сопруг. И јас ви се извинувам што некогаш ве ставив во таква позиција. Следниот пат ќе се сетам на оваа лекција, без разлика колку ќе бидам среќен, што ве гледам“, напишал Куомо во електронска порака, која Рос сега ја достави до весникот.
Во писмото понатаму се посочува и мобингот, сексизмот и етиката на медиумските организации во САД, а се разкажува и како таа била подложна на сексуални уцени на почетокот од својата кариера.
Таа истакнува дека Си-Ен-Ен како работодавец му дава на Куомо платформа да „дели часови по морал и етика” додека тој работел како советник на неговиот брат Ентони Куомо во време кога тој беше обвинет за сексуално малтретирање од неколку жени и го советувал да се брани.
Инаку, под притисок на јавноста околу скандалот поврзан со ова Ендрју Куомо неодамна си даде и оставка од гувернерската функција.
„Не сакам Куомо да стане следната жртва во оваа ужасна приказна што продолжува. Се надевам тој да остане во Си-Ен-Ен засекогаш ако сака. Тоа што од него барам е новинарско каење. Да покани во емисија гости кои ќе зборуваат за сексизмот, малтретирањето и половите предрасуди на работното место“, вели Рос.
