Девојката Сара Ц.(20) е тешко повредена во експлозијата што се случи денеска околу девет часот во фабриката „Трајал“ во Крушевац. Таа добила итна медицинска помош, а поради состојбата била пренесена во ВМА во Белград.
Таа е свесна, но збунета и не е опасна по живот.
“Девојката е тешко повредена. Се здобила со повреди на ушното тапанче, главата и едното белодробно крило. Свесна е и збунета. Нејзиниот живот во моментов не е загрозен – изјавил извор на Информер запознаен со состојбата на повредената Сара.
Сара работела во фабриката околу пет месеци.
Како што рече нејзиниот татко: „Таа беше обучена и сè беше направено како што треба, но никој не можеше да ја предвиди несреќата“.
За потсетување, несреќата се случила во девет часот во погонот за мешање ракетно гориво, а припадниците на Противпожарната и спасувачката единица во Крушевац веднаш излегле на лице место, го локализирале, а потоа го изгаснале пожарот кој избувнал како последица на експлозија.
