Утрово на патот Врање – Големо село во атар на село Дреновац камион на Војската на Србија излетал од коловозот во провалија, при што постар наредник од 1 класа Б.К. (46) починал на лице место, а 3 припадници на Војската на Србија се полесно повредени, дознава „Блиц“.
– Имаме тројца повредени војници донесени со брза помош од несреќата. Моментално се во дијагностичка фаза, првиот преглед и состојбата покажува дека се работи за полесно повредени лица. Четвртото лице, според лекарите од Итната помош, починало на лице место – Дејан Поповиќ, специјалист по итна медицина.
Да потсетиме, утрово околу 9 часот и 30 минути на патниот правец Врање – Големо село во село Дреновац, камион на војската на Србија излета од патот во провалија.
Станува збор за воен камион кој се движел од една од базите во Копнената безбедносна зона до Косово и Метохија.
Патот кон Дреновац е блокиран и не може да се приближи до местото на несреќата.
Инаку, на делницата од патот преку Пољаница до Врање, претходните години имало повеќе сообраќајни несреќи во кои учествувале воени возила и автобуси.