Свет

Познатата актерка почина на 76-годишна возраст

Познатата актерка почина на 76-годишна возраст

На 76-годишна возраст почина познатата актерка Џој Чемберс Гранди.

Тажната вест ја потврди и семејството.

Во официјалното соопштение на нејзиното семејство се наведува дека втората сопруга на мултимилионерот Рег Гранди починала во сон во неделата.

„Џој почина во сон рано утрово опкружена со најблиските“, се вели во соопштението на семејството.

Таа ќе остане запаметена по улогите во неколку сапунски опери, како Рита во „Немирни години“, д-р Робин Портер во „Младите лекари“ и Розмари Даниелс во „Соседи“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни