Познатата актерка за трагедијата на сетот: „Алек доби реквизит и го искористи во сцената“

Дебра Месинг, најпозната по улогата на Грејс во серијата Вил и Грејс, проговори за несреќата во која Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и рани режисерот Џоел Соуза на снимањето во Ново Мексико.

На Твитер, Дебра го бранеше својот колега Болдвин. Таа сподели објава на американскиот политички колумнист Бени Џонсон, кој напиша: „Алек Болдвин уби лице со пиштол, во тек е кривична истрага. Тоа е точниот наслов“.

“Апсолутно не. Реквизитите му беа дадени. Тој ги искористи во сцената. Потоа се случи катастрофален настан во кој животот го загуби Халина Хачинс, а Џоел Соуза беше повреден. Се молам за нивните семејства“, напиша таа.

Да потсетиме, според извештаите, Болдвин не знаел дека има куршум во пиштолот. Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот Rust.