Познатата американска комичарка Кети Грифин објави на својот Инстаграм дека има рак на белите дробови и дека ќе има операција во која ќе и биде отстранет дел од белите дробови.
„Луѓе, имам нешто да ви кажам. Имам рак. Наскоро ќе имам операција во која ќе ми отстранат половина од левото белодробно крило“, напиша таа.
Таа вели дека има рак на белите дробови, иако никогаш не пушела цигари.
„Докторите се оптимистични бидејќи е во првиот стадиум и се задржал на левото белодробно крило. Се надевам дека после ова нема да ми треба ни хемотерапија, ни зрачење и дека ќе можам да дишам нормално. За еден месец, треба да бидам во движење како и обично“, напиша Кети.“
Таа додава дека е вакцинирана против ковид-19, и доколку не била последиците ќе биле полоши.
„Ве молам одете редовно на преглед, тоа ќе ви го спаси животот“, додава таа.
