Познатата пејачка се пофали со успехот, ја надмина српската претставничка на Евровизија

Српската претставничка на Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта се најде на второто место на светската листа на песни чии текстови се најпребарувани.

Според страницата за текстови на Genius, на второ место е песната In corpore sano, а по неа е Бам Бам, песна која заедно ја изведуваат Ед Ширан и Камила Кабело.

Камила се пофали со својата седма позиција на Инстаграм, објавувајќи ја целата листа за да ја видат нејзините следбеници.

„Ова е голема работа за мене, бидејќи првото нешто што го правам кога ќе излезе песна е да барам стихови за Genius“, напиша таа.

Минатата недела Констракта се појави на објавата на американската актерка и пејачка Зендаја.