Познати цитати од Роберт Де Ниро

Ова се најпознатите изреки и цитати на познатиот актер Роберт де Ниро:

  • Мојата дефиниција за добар хотел е тоа да е местото во кое би сакал да останам.
  • Според една нова студија, жените тврдат дека им е понепријатно да се соблечат пред жените отколку пред мажите. Тие велат дека жените се премногу критични, додека мажите се само благодарни.
  • Секогаш им велам на актерите кои одат на аудиции да не се плашат да бидат тоа што се. Можеби нема да ја добиете улогата, но барем ќе бидете забележани.
  • Постои одредена комбинација на анархија и дисциплина во начинот на кој работам.
  • Италија се промени – но Рим е Рим.
  • Ќе имате време да се одморите кога ќе бидете мртви.
  • Стравот се појавува кога се соочувате со предизвик.
  • Времето минува, така што се што сакате да правите – направете го. Направете го тоа сега, не чекајте.
  • Ги научивте двете најважни работи во животот – никогаш не ги издавајте пријателите и секогаш држете ја устата затворена.
  • Нема ништо поиронично или контрадикторно од самиот живот.