Познатиот актер три години криел дека има рак – преголем за да се оперира

Актерот Стенли Тучи, најпознат по улогата во филмот „Ѓаволот носи Прада“, ги шокираше фановите кога откри дека пред три години му бил дијагностициран рак.

Туци долго време ја криеше болеста од јавноста.

Тој рече дека станува збор за тумор на неговиот јазик кој бил преголем за да биде опериран. Тој додаде дека на почетокот не сакал да се подложи на овие третмани бидејќи неговата сопруга Кејт починала од рак на дојка во 2009 година, и се сетил како било и низ што морала да помине поради тоа.

„Беше преголем за операција, па морав да подлежам на високи дози на хемотерапија и зрачење. Се заколнав дека нема да поминам низ такво нешто бидејќи мојата прва сопруга почина од рак и ја гледав како со години ги поминува тие третмани, беше страшно“ – изјави Тучи во интервјуто.

Тој откри дека неговите деца се однесувале прекрасно, но и дека им било тешко. Вели дека го хранеле со цевка шест месеци, и дека едвај дошол на нивното дипломирање. Тучи нагласи дека дефинитивно не му било лесно.

„Се чувствувам многу постаро отколку што бев пред болеста, но сепак сакам да напредувам и да правам разни работи“ – заврши актерот.