Македонија

Познатиот Диџеј Ицко почина од коронавирус

Уште еден медиумски работник почина од компликација со коронавирусот во нашата земја.

Се работи за 48-годишниот Ристо Меловски, познат како Диџеј Ицко од „Антена 5 “ радио. Тој на сцената во Македонија е познат повеќе од 15 години, а дел од „Антена 5“ беше повеќе од 10 години.

Неговите пријатели од утринава преку социјалните мрежи се збогуваат со него.

Како што пишуваат одредени медиуми, Ицко веќе подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни