Пејачот Џејсон Деруло пред само три дена го прослави роденденот со своето семејство, а по тој повод објави емотивен текст и фотографии на Твитер.
Иако изгледаше како да цвета љубовта помеѓу него и неговата избраничка, Џена Фрумес, особено откако станаа родители пред само четири месеци, тие двајца сега раскинаа.
На општо вознемирување на сите, пејачот објави на Твитер дека се разделиле со својата девојка.

„Џена и јас одлучивме да се разделиме. Таа е прекрасна мајка, но чувствуваме дека разделбата во овој момент ќе ни овозможи да бидеме најдобрата верзија за себе и најдобрите родители. Ве молиме, почитувајте ја нашата приватност во овој момент“ – напиша пејачот на оваа социјална мрежа.
Пред само три дена, двојката имаше изливи на емоции на социјалните мрежи, додека Џена набрзо исчезна, со што ги подгреа сомнежите дека нешто не е во ред.
„Среќен роденден, Џејсон! Пресреќна сум што ќе споделам роденден со мојата љубов. Ти си најзгодниот, највредниот, најталентираниот и најљубезниот човек досега. Навистина ме правиш комплетна и благодарна сум за љубовта што ја споделуваме. Ти и нашето дете ме правите најсреќната девојка на светот и едвај чекам да направам нови спомени со вас. Знам дека понекогаш ми е тешко, но вие ме направите подобра и ме прифаќате таква каква што сум и јас сум засекогаш благодарна за тоа. Те сакам многу, засекогаш“ – напиша Jена тогаш, но тој пост набрзо беше избришан.
.
