Македонија

Познато кога вакцината против коронавирус пристигнува во Македонија

Во Македоија вакцината се очекува да пристигне на почетокот на следната година, велат здравствените власти. Премиерот Заев најави дека се издвоени 390 милиони денари односно 6.5 милиони евра за набавка на 800 илјади дози од вакцината против Ковид.

Првите дози на вакцината против корона вирусот на американската компанија Фајзер пристигнаа во САД. Од Белгија, компанијата Јунајтед Ерлајнс ја достави вакцината во Чикаго, известува Ен Би Си Њуз. Потребни биле цели 15 илјади килограми мраз за да се одржи потребната температура за вакцината Фајзер.

Дистрибуцијата на вакцината Фајзер ќе започне веднаш по добивањето зелено светло од Американската управа за храна и лекови, а тоа според американските медиуми се очекува во текот на следната недела. Кејт О’ Брајан директорка на СЗО за имунизацијата и вакцини на прес конференција за медиумите во Женева рече дека се уште не е ејасно дали вакцините против Ковид-19 можат да ја намалат способноста на луѓето за ширење на вирусот.

„Околу 60 до 70% од населението треба да биде имуно преку имунизација со што ќе постигнеме намалување  или прекин на трансмисија на вирусот. Секако тоа зависи и од перформансите на вакцината. Така што навистина е важно всушност да започнеме да добиваме повеќе информации во врска со тоа што прават вакцините, не само спречување на болеста, туку и за спречување на добивање на вирусот, инфекцијата и карактеристиките на оваа инфекција“, вели Кејт О’ Брајан.

Во конкуренција се три вакцини, американските Фајзер, Модерна и Осфордската.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни