Авионот со кој треба да пристигнат 149 бегалци од Авганистан според првичните информации како што дознава 4NEWS.mk ќе слета во 22.30 часот на скопскиот аеродром.
По направени прегледи и ПЦР тестови, тие ќе бидат според првиичните информации во хотел Белви во Скопје.
„Станува збор за граѓани кои беа животно загрозени од талибанските структури и на кои им помагаме да си го спасат животот. Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан. На скопскиот аеродром ќе бидат прифатени од МНР, МВР, Црвениот Крст, Министерството за здравство и меѓународните организации“, велат од Владата.