Пратениците изгласаа: Недела НЕРАБОТЕН ДЕН!

Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците во Собранието на Северна Македонија го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор.

„Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците,“ порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод изгласувањето на Законот за работните односи со кој се утврдува недела како неработен ден.

Министерката Шахпаска рече дека со ова законско решение овозможува воспоставување на рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место.

„Работниците се нашиот најголем капитал. Нивниот труд мора да се почитува и вреднува. Затоа, оние што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50% повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена. Непочитувањето на ова законско решение го утврдува Државниот инспекторат за труд и на работодавачите кои ќе го прекршат законот им се забранува работа од 15 дена, а доколку го повтори прекршокот во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата,“ рече Шахпаска.

Таа додаде дека вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%. А дополнително, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.

„Работничките и работниците се столбот на нашата економија и движечка сила на државата. Поради тоа остануваат наш приоритет во градењето на идните политики,“ порача министерката Шахпаска.

Поврзани вести

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија. Во Бугарија ќе биде одржана заедничка меѓувладина...

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на студено време со умерен до...

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал пред помалку од половина час, а на терен веќе се...

Најважното

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на...

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија.

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните...