Празнично изненадување од Антонио Пејоски – кавер верзија на „Лажу те“

Пејачот познат по добрите забави кои ги прави, Антонио Пејоски подготви празничен подарок за своите обожаватели – сними кавер верзија на големиот хит „Лажу те“.

Во аудиото покрај Антонио Пејоски (вокал) свое учество имаат и Кирил Митрески (клавијатура), Христијан Миладинов (гитара), Драган Марковски (тапани). Звукот е снимен и продуциран од Антонио, додека за видеото кое е снимено во Пилана Малме – Враништа се погрижи Кристијан Љушев и Шпанец Продукција.

Проектот е потпомогнат од Парти Мејкерс Тим, а на вас останува само да уживате во најновото дело на Пејоски.