Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се собираат луѓе за најавениот протест

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ неколку стотици луѓе се подготвуваат за најавениот протест од страна на опозицијата.

Учесниците на протестот ќе тргнат од плоштадот „ВМРО“, потоа, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на Владата.

Владата ќе биде крајна дестинација, а од таму се очекува обраќање на челните луѓе на партијата.

“Ќе протестираме и за даноците, и поради загадувањето, и поради прогонот и политичкиот притисок, и поради менувањето на името и поради немањето на откуп на јаболка и тутун. Ќе го кренеме гласот пред да биде предоцна. Ќе протестираме поради секоја неправда направена врз секој еден граѓанин. Чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло кое го носи владата на Заев“, изјави пред неколку дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со тоа го најави овој вечерашен протест.

Извор: ТВ21