Македонија

ПРЕДИЗБОРНА КОАЛИЦИЈА: Но Беса и СДСМ прават кампања со различни изборни штабови – „Имаме секојдневна координација“, вели Касами

Иако најавија сепак СДСМ и Беса не промовираа заедничка изборна програма, а своите активности ги одвиваат и на два различни изборни штабови. Го прашавме Касами зошто е тоа така и како оди комуникацијата на терен со СДСМ.

„Комуникацијата е коректна. Имаме посебни изборни штабови, каде шефови на тие штабови се генералните секретари на партиите СДСМ и БЕСА соодветно. Имаме секојдневна координација на активностите. Имаме активности кои се заеднички, но најважниот дел на претставувањето на платформата на терен е со партиски активности, бидејќи има една разлика. Додека кај СДСМ скоро целата кампањата е на македонски јазик, се бараат гласови од Македонците и другите граѓани, Движењето Беса е концентрирана во мобилизација на албанските гласачи и целата кампања на Движењето Беса е на албански и се обраќа на Албанците“, изјави Касами за ТВ21.

https://business.facebook.com/673190229477851/videos/1645671248941965/

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни