Предлог законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ не помина во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ не успеа да добие поддршка за Предлог законот за амнестија на учесниците во настаните од 27 април минатата година.

25 пратеници гласаа ЗА, додека 59 беа против овој Предлог закон да се најде на дневен ред на 66.собраниска седница.

Се вчитува...

Вкупно гласаа 84 пратеници. ВМРО-ДПМНЕ предлагаше амнестија на сите учесници во нередите од 27 април, а не како што велат, тоа да биде селективно.

Од оваа партија велат дека националното помирување треба да ги опфати сите, а токму нивниот предлог, како што велат, е предуслов за такво нешто.

Зимер Јашари

 

Извор: ТВ21