Министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека е поднесен предлог Законот за здравствена заштита, со кој се планира да се намалат цените на лекување на коронавирус во приватните клиники, со што, како што вели Филипче, тие да станат достапни за мнозинство граѓани во нашата земја.
„Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување.
Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари.