Македонија

Прегазена жена во Скопје, со тешки повреди однесена во болница

На 27.11.2018 година во 11,50 часот во Скопје на крстосницата од улица „Борис Трајковски“ и улица „Народни херои“ А.Б.(29) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот В.К.(74) од Скопје.

В.К. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни