Преговарачките тимови од ЕУ и Велика Британија ќе продолжат со преговорите за Брегзит, по вчерашниот разговор.
По вчерашната средба на главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние со британскиот министер за Брегзит Стивен Баркли и државниот обвинител Џефри Кокс, ниту една од страните не даде коментар.
Средбата во Брисел е организирана откако во саботата Барние изјави дека ЕУ е подготвена да и даде дополнителни гаранции на Велика Британија за да помогне за одобрување на договорот за Брегзит во Парламентот во Лондон.