Прекинато судењето за „Меѓународен сојуз“, продолжува во четврток

Судењето за „Меѓународен сојуз“ е прекинато поради лоша здравствена состојба на Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски.

Иако дојде брза помош, и судот даде пауза од 30 минути, сепак, ситуацијата на Миле Јовановски остана влошена, и поради тоа судот донесе одлука да биде прекинато.

Судењето продолжува во четврток.

Денеска беше давањето на воведни зборови, а досега дадоа само обвинителката Вилма Рускоска и првообвинетиот Бојан Јовановски.

Ова ќе биде последно судење пред судската ферија.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното