Прекрасен гест.
Реванш натпреварот од 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо Загреб ќе се одигра во сабота во 20:45 часот во Атина.
Сепак, овој двоен меч остана на втор план поради убиството на навивачот на АЕК, Михалис Качурис, по инцидентите што ги предизвикаа хрватските хулигани.
Навивачите во Атина се уште се збогуваат со него, а челниците на грчкиот клуб решија да направат навистина прекрасна работа.
Имено, тие ќе бидат домаќини на родителите на загинатиот Михалис, а пред почетокот на натпреварот сите заедно на стадионот ќе му оддадат почит на убиеното момче.
Овој дуел беше најавен како натпревар од висок ризик, поради што на улиците се присутни голем број полициски сили.