AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Прекрасна фотографија: Крокодил на својот грб носи повеќе од 100 младенчиња

Индискиот фотограф Дритиман Макерџи ни носи фантастична фотографија.

Се работи за фотографија која е објавена минатата година, но сега стана актуелна во светот.

На фотографијата крокодилот Gavialis gangeticus, кој е загрозен вид, носи повеќе од 100 младенчиња на својот грб.

Станува збор за еден од најголемите видови крокодили во светот, познат по тоа што јаде риба, а овој вид на крокодили е стар околу 4.000 години.

Бројот на овие крокодили почна нагло да опаѓа во 1930-те, па затоа властите подоцна во 80-тите почнаа и програми за контролирано одгледување, со цел да се спречи истребувањето на овие ретки животни.

Инаку, овој фотограф е особено посветен на заштита на животните, а неговите фотографии секогаш привлекуваат огромно внимание.