Преку синергија на теоријата со праксата, УКИМ и КХВ ќе соработуваат во областа на пазарот за капитал

Денеска 22.10.2021 година,  Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Jанкуловски  и  Претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија м-р Нора Алити потпишаа Меморандум за соработка со цел поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и обезбедување достапност на професионална размена на стручност и искуства за професорите и студентите на УКИМ во областа на пазарот на капитал и хартиите од вредност.

Универзитетот и Комисијата се согласија да соработуваат со широк спектар на активности и иницијативи за едукацијата и подобрувањето на знаењето и стручноста со особен осврт на специјалистичките и магистерските студии, како и во делот на сертификацијата од значење за спроведување на едукацијата од областа за пазар на капитал и хартии од вредност, како и слични форми на стручно професионално и академско информирање од областа на пазарот на хартии од вредност и поврзување на теоријата со праксата за потребите на студентите.

УКИМ и КХВ поставија основа за долготрајна партнерска соработка за воспоставување на  стручна неформална едукација за студентите од прв и oд втор циклус на студии во областите на економијата, финансиите, деловното и финансиското право, пазарите на капитал и финансиските инструменти согласно домашните и меѓународните регулативи.

Меѓу другото, за потребите на наставно – научниот процес, може да се изведува практична настава се со цел да им се обезбеди на студентите можност да се стекнат со практични знаења и вештини, како и со работно искуство кое ќе ја зголеми нивната конкурентност и ќе им помогне при вработувањето во иднина.

Покрај тоа, Комисијата за хартии од вредност врз основа на утврдената академска процедура може да даде стручно мислење за изготвени дипломски, магистарски и докторски трудови од областа на пазарот на капитал, домашното и меѓународното право, економијата, финансиите, финансиските инструменти, финансиското работење и менаџментот.

На тој начин, УКИМ и Комисијата ќе работат на финансиска едукација и зголемување на нивото на финансиска писменост на населението во Република Северна Македонија. Во престојниот период ќе се реализираат и заеднички семинари и конференции поврзани со пазарот на капитал. При тоа ќе се овозможи размена на стручна литература од областа на домашното и меѓународното право, економијата, финансиите, хартиите од вредност и финансиските инструменти. Воедно, заеднички УКИМ и КХВ ќе партиципираат во проекти кој ќе се аплицираат за финансирање од земјите членки на Европската Унија, како и користењето на останатите меѓународни фондови  од САД и од светот за развој на земјите од Западен Балкан. На тој начин ќе се создаде во континуитет креативна интелегенција, која ќе биде поттикнувач за секој поединец во функција на креирање на успех.

Целта на оваа соработка подразбира,меѓусебно помагање и подобрување на квалитетот на образованието во нашата држава, но пред сè вклученост на  студентите во практичната настава и работење.

Поврзани вести

ПОРАДИ ОВА, ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ГО ГУБАТ ТЛОТО ПОД НОЗЕТЕ: Стрелецот не поднесува осаменост, Овенот кога го игнорираат…

Животот понекогаш не доведува во тешки ситуации со кои не можеме да се справиме на вистински начин. Некои бараат помош од пријател, а некои сакаат да поминат низ бура која ја преплавила...

2022 Е ГОДИНА НА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Магичната серија 2-2-2 им носи успех и луда среќа на овие знаци!

2022 година ќе биде година на големи промени. Специфичен е од повеќе причини, особено поради тоа што го красат три пара. Оваа серија има посебно значење и моќ, велат нумеролозите.

ОВА СЕ НАЈПОЗНАТИТЕ СРПСКИ ВАМПИРИ: Плашеле, заразувале и давеле луѓе, а еден од негова вдовица барал многу НЕОБИЧНА РАБОТА!

Во Србија за прв пат се документирани вампири, односно починати кои имале надуени лица и тела, изразени очи, долга коса и нокти, кои оживуваат и прогонуваат членови на нивното семејство и заедница!

Среде Пекинг се пејат песни од Тоше Проески

На социјалната мрежа се појави видео на кое се гледа како уличен музичар од Кина го пее познатиот хит на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески. „Još uvijek sanjam da...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...