Концептот на ДУИ е етнички, а идниот премиер може да биде и од Македонски концепт, рече Петар Богојески вечерва во изборната дебата на ТВ21.
„Премиер Албанец може да биде и од Македонски концепт, може и да го предложиме до крајот на кампањата, јас никогаш не кажав дека има сигурно загарантирани места само за Македонците“, рече Петар Богојески од Македонски концепт во изборната дебата на ТВ21.
Додава дека позициите во нивната партија се отворени за сите етнички заедници.
Во изборната дебата вечерва, учествуваат дел од кандидатите за пратеници од првата изборна единица.
.