Свет

Премиер лигата ја укинува виножитната капитенска лента по осум години

Премиер лигата ја укинува виножитната капитенска лента по осум години

Капитените во Премиер лигата на Англија повеќе нема да носат ленти во боите на виножитото на натпреварите, со што завршува традиција стара осум години. Британските медиуми јавуваат дека лигата го прекинала партнерството со ЛГБТ+ добротворната организација „Стоунвол“ пред почетокот на новата сезона.

Како резултат, виножитната капитенска лента ќе престане да биде задолжителна опрема во одредени натпревари и периоди од сезоната.

Дел од играчите и во минатото изразуваа несогласување со ваквата пракса. Поранешниот репрезентативец на БиХ, Анел Ахмедхоџиќ, кога беше капитен на Шефилд Јунајтед, одби да ја носи, а минатата сезона капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи, протестираше со порака на лентата: „Исус ве сака“.

Според „Телеграф“, одлуката била донесена на состанок со сите 20 капитени на клубовите. Новата сезона на Премиер лигата стартува за седум дена со дуелот помеѓу шампионот Ливерпул и Борнмут.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни