Македонија

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија.

Во Бугарија ќе биде одржана заедничка меѓувладина седница на која од македонска страна ќе присуствуваат:

  1. Н. Е. г-дин Димитар Ковачевски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија
  2. Н. Е. г-дин Артан Груби, прв заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците
  3. Н. Е. г-дин Фатмир Бетиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресорси
  4. Н. Е. г-ѓа Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење
  5. Н. Е. г-дин Бујар Османи, министер за надворешни работи
  6. Н. Е. г-дин Фатмир Бесими, министер за финансии
  7. Н. Е. г-дин Крешник Бектеши, министер за економија
  8. Н. Е. г-дин Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
  9. Н. Е. г-дин Јетон Шаќири, министер за образование и наука
  10. Н. Е. г-дин Горан Милевски, министер за локална самоуправа
  11. Н. Е. г-ѓа Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура
  12. Н. Е. г-дин Благој Бочварски, министер за транспорт и врски
  13. Н. Е. г-дин Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање
  14. Н. Е. г-дин Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација
  15. Г-дин Мартин Попов, шеф на Кабинет на ПВРСМ
  16. Г-дин Едмонд Адеми, советник за надворешни работи на ПВРСМ

За утре е најавена и средба со старо-новиот претседател на Румен Радев, кој во саботата беше инаугуриран.

Премиерот Димитар Ковачевски ќе биде прв гостин на Радев во неговиот втор мандат.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни