Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска престојуваше во Кочани за да оддаде почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, на денот кога градот ја одбележува најтажната годишнина во својата понова историја.
Во атмосфера на длабока тага и достоинство, премиерот оствари средби со присутните граѓани и семејствата на загинатите, споделувајќи ја болката за прерано згаснатите животи.
Мицкоски се потпиша во книгата на жалоста, која беше поставена на маса украсена со бели хризантеми, оставајќи порака на искрено сочувство и поддршка до семејствата на 63-цата млади кои трагично настрадаа пред точно една година. Неговото присуство беше чин на солидарност со граѓаните на Кочани во овие тешки моменти на сеќавање.