Премиерот на Молдавија, Александру Мунтеану, денеска неочекувано поднесе оставка од функцијата, со што автоматски престанува мандатот и на целата Влада.
Мунтеану ја извршуваше функцијата претседател на Владата од ноември минатата година, а во своето соопштение не ја наведе конкретната причина за повлекувањето.
„Во моментот кога сфатив дека повеќе не можам да го извршувам својот мандат во согласност со моите принципи и убедувања, донесов одлука да поднесам оставка“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека и понатаму ќе ѝ служи на својата држава, без разлика на функцијата што ќе ја извршува во иднина, местото каде што ќе живее или дали ќе работи во јавниот или приватниот сектор.