Македонија

Премиерот по истрагата ќе одлучи дали ќе ја прифати оставката на Филипче

„Најавувам дека во текот на следната недела, во првиот момент откако експертската истрага ќе покаже нов посериозен напредок, ќе ги соопштам ставовите на Владата базирани на фактите од истрагата, на прес-конференција на која ќе одговарам на сите прашања од медиумите. Во меѓувреме, Владата, министерствата и сите надлежни институции остануваат отворени и достапни за сите ваши прашања“, пишува во испратеното одбраќање на Зоран Заев од Владата

Премиерот Зоран Заев одлука дали ќе ја прифати оставката на министерот за здравство ќе донесе откако ќе заврши истрагата, а најдоцна до следната недела.

„Поднесените оставки од министерот за здравство Филипче, од заменик-министерот Хасани и од директорите на тетовската болница Бесими и Етеми ги примив и ги разбирам како висок морален и етички чин и како демонстрација на интегритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќи“, пишува премиерот Заев.

Тој верува дека истрагата ќе биде брза и професионална и до најситен детаљ ќе ги утврди причините за избувнување на пожарот.

„Кон стручноста и кредибилноста на истрагата ќе придонесат и форензичарите од Германската федерална криминалистика, за што веќе се реализираат подготвителни извидувања и активности и за што упатувам огромна благодарност до нашиот НАТО сојузник, Германија“, додава премиерот.

Воедно најави и дека следната недела ќе се појави на прес конференција на која ќе одговори и на сите новинарски прашања.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни