Поради густа магла на белградскиот аеродром, неколку летови на Ер Србија вечерва (среда, 18.12.2024) беа пренасочени кон Ниш, кон аеродромот Константин Велики.
Српската национална авиокомпанија ќе обезбеди автобуски превоз од Ниш до Белград за своите патници.
Условите со намалена видливост се очекува да траат во текот на ноќта , па временските услови може да влијаат и на сообраќајот во ноќните и во раните утрински часови.
Надлежните служби на Ер Србија преземаат се што е во нивна моќ да ја зачуваат регуларноста на сообраќајот, согласно планираниот распоред на летови.
За повеќе информации, патниците можат да се јават во Контакт центарот на Ер Србија на 0800 111 528 од Србија, на +381 11 311 21 23 од странство, посетете ги страниците airserbia.com или на Ер Србија на социјалните мрежи.
