Добитничката на Нобеловата награда за мир, во 2015 година, Уидед Бушамауи ќе ги предложи грчкиот и македонскиот премиер, Алексис Ципрас и Зоран Заев за Нобелова награда за мир за следната година, поради потпишувањето на Преспанскиот договор.Таа својот предлог ќе го претстави утре, на собир во Скопје.Договорот од Преспа меѓу Грција и Македонија е пример за мирно решавање на транснационалните спорови, истакна генералниот секретар на ОН Антонио Гутериш во обраќањето на 18. Меѓународен форум во Доха.
Тој повика на засилување на напорите на меѓународната заедница за решавање и на другите отворени прашања во светот кои предизвикуваат тензии.
„Договорот меѓу Атина и Скопје е успешен пример за транснационалните напори за затворање на спорни прашања. Договорот ќе биде од корист за целиот балкански регион. Во ера на хаос и конфузија гледаме голема надеж за успешно решавање на разликите и споровите како што беа меѓу Грција и Македонија за прашањето за името. Тоа не потсетува и ни покажува дека кога работиме заедно можеме да постигнеме големи работи во корист на нашите народи“, изјави Антонио Гутериш, генерален секретар на ОН.
