Македонија

Претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд

Претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, облачно со повремен слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во среда и четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а ноќта кон петок и за време на викендот под влијание на влажен бран ќе има пообилни врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни