Македонија

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец. До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час). Особено нестабилно ќе биде во петок кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни