Македонија

Претрес во Крушево, пронајдена поголема количина на оружје и муниција

Претрес во Крушево, пронајдена поголема количина на оружје и муниција

Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен Јавен обвинител.

По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни