Белорускиот и рускиот претседател Александар Лукашенко и Владимир Путин денес имаа телефонски разговор.
„Ги координиравме нашите претстојни контакти, особено на маргините на самитот на ЗНД во Душанбе, кој ќе се одржи оваа недела“, се вели во соопштението, објавено од Телеграм каналот „Базел Фрст“, кој е поврзан со прес-службата на белорускиот лидер.
Во соопштението се наведува дека шефовите на Белорусија и Русија разговарале и за голем број прашања поврзани со развојот на белоруско-руските односи, меѓународната агенда и ситуацијата во регионот, објави Интерфакс.
