Свет

Претседателот на Казахстан ќе има седумгодишен мандат

Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев го потпиша законот „За измени и дополнувања на Уставот“, соопшти во саботата прес-службата на шефот на државата.

Законот утврдува седумгодишен претседателски мандат во Казахстан , а шефот на државата може да биде избран само еднаш.

Претходно, претседателскиот мандат беше пет години, а шефот на државата можеше да се избира двапати по ред, потсетува АП.

Дополнително, со овие амандмани на уставот се враќа и поранешното име на главниот град на републиката – Астана.

На 1 септември, во своето обраќање до народот на Казахстан, Токаев предложи наесен да се одржат специјални претседателски избори, на кои и самиот има намера да учествува. Тој, исто така, предложи ограничување на претседателскиот мандат на еден седумгодишен мандат  без право на реизбор. Токаев вети дека оваа иницијатива ќе ја донесе во парламентот по претседателските избори наесен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни