Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави синоќа усвои со огромно мнозинство предлог-закон со кој летното сметање на времето би важело во текот на целата година, со што би се ставил крај на практиката на поместување на часовниците двапати годишно, јави Ројтерс.
Со 308 гласа „за“ и 117 „против“, предлог-законот беше изгласан и испратен на разгледување во Сенатот на САД. Претседателот Доналд Трамп силно ја поддржува мерката. Доколку актот биде одобрен и од Горниот дом на Конгресот, часовниците во САД во ноември нема да се вратат на стандардното време.
Мерката исто така предвидува поединечните сојузни држави да имаат право да изберат дали трајно ќе се придржуваат кон летното сметање на времето или кон стандардното време.