Владата на неколку прес-конференции спомена дека во Штип не се почитувале мерките при превоз на работници во текстилните фабрики, и поради тоа дошло до зголемување на бројките во овој град. Градоначалникот Благој Бочварски во „10МИНУТИ“ на ТВ21 вели дека секојдневно се вршат контроли, и дека сега превозниците се далеку повнимателни.
„Се вршат контроли на превозниците секојдневно. Сега тие се многу повнимателни. Во овој период контролите се зачестени. Во еден голем дел превозниците го почитувале ова барање, мерката, но, за жал, имаше и такви кои во одредени моменти не го почитувале. Секако дека изречени се глоби на оние кои не ги почитувале мерките“, рече Бочварски.
.