Презентација на Научно технолошки парк во Скопје

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на презентацијата на нацрт Студијата за изводливост за Научно- технолошки парк во Скопје. Носител на проектот е Фондот за иновации и технолошки развој, а се имплементира во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.

Како што потенцираше министерот Манчевски, идејата за технолошки парк во минатото била далеку од реализација, за разлика од денес.

Се вчитува...

„Среќен сум што имаме не само презентација на физибилити студија којашто ја финансираше и Европската Унија, туку за разлика од други проекти или Стратегии, веќе се обезбедени и целосни финансиски средства и целосна конструкција за тој да стане реалност. Следната година многу брзо, откако оваа студија ќе се финализира, ќе се направи комплетниот план и технолошкиот парк ќе стане реалност“, истакна министерот Манчевски, изразувајќи задоволство што се вклучени сите универзитети и стопански комори.

Извор: ТВ21