Свет

Пригожин уште во 2019 година „загина“ во пад на авион: Три дена подоцна се појави жив

Пригожин уште во 2019 година „загина“ во пад на авион: Три дена подоцна се појави жив

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин и неговиот истакнат командант Дмитриј Уткин биле меѓу патниците во авионот што се урна во средата во Русија, соопшти руската владина агенција за воздухопловство, додавајќи дека ниту еден од патниците не преживеал.

Телеграмскиот канал Siva Zona, кој е поврзан со Вагнер, објави дека Пригожин починал. „Водачот на Вагнер, рускиот херој и патриот Евгениј Викторович Пригожин е убиен во акцијата на руските предавници.

И додека многумина наведуваат дека оваа несреќа е всушност одмазда на рускиот претседател Владимир Путин за бунтот од пред два месеци и акциите на Пригожин во Африка, треба да се додаде дека пред четири години и шефот на Вагнер беше прогласен за мртов по авионска несреќа. а потоа три дена подоцна се разбудил жив и пред ТВ камерите.

За ова пишуваше и РИА Новости во 2019 година. Иако споменатата несреќа се случи на 10 октомври, руската новинска агенција на 15 октомври објави дека од извор близок до Пригожин дознала дека тој всушност отсуствувал поради – работа.

„Бизнисменот од Санкт Петербург, Евгениј Пригожин, за чија смрт објавија некои медиуми, всушност отсуствувал поради „лична работа“, изјави тогаш за РИА Новости извор близок до бизнисменот.

Истиот извор тогаш изјави дека Пригожин во тој период не ја напуштил територијата на Русија и дека бил зафатен со лични обврски. „Многу е изненаден што мислеа дека е мртов“, изјави извор од агенцијата во 2019 година.

Инаку, тогаш дел од медиумите и блогерите објавија дека Пригожин загинал во несреќата на авионот Ан-72 во Демократска Република Конго.

Авионот со претседателот на земјата се урна на 10 октомври во источната провинција Маниема. Соопштено е дека во авионот имало четворица патници и четворица членови на екипажот, меѓу кои и двајца Руси. Руската амбасада во Киншаса ги објави нивните имиња: тоа се пилотите Владимир Садовничи и Виталиј Шумко.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни