Авионот, кој во петокот попладне од Белград тргна кон Москва, се враќа поради дојава за бомба. Полициски екипи се на терен.
Српските медиуми јавуваат дека на летот од Белград кон Москва била пријавена бомба, а авионот се враќа во Белград.
Специјални полициски екипи се на терен, јавува Курир .
Според „Флајтрадар“, се работи за авион на „ЕрСрбија“ кој полетал од белградскиот аеродром нешто по 14 часот, а околу 19 часот требало да биде во Москва.
Како што може да се види на картата на која е прикажана рутата, авионот полетал од Белград северозападно, направил круг и се упатил назад кон аеродромот. Нешто пред
16 часот авионот слета во Белград.