Приказната за малото бувче кое кое било спасено во Сараево

Неколку граѓани на Сараево вчера со брза реакција успеаја да го спасат бувот од напади на врана. Тој сега е сместен во ветеринарна станица во главниот град на БиХ каде се води грижа за нејзиното опоравување, а еден од граѓаните кои помогнале да се спаси птицата на Фејсбук опиша како сето тоа се случило.

Како што напиша Жељка Војиновиќ, никогаш не била премногу љубител на птици, но кога видела врани како напаѓаат мал був среде град, морала да реагира.

„Заедно со некои колеги и случајни минувачи (сите добри луѓе) успеавме да ја спасиме и да ја пренесеме на ветеринар. Сега држиме скрстени прсти да се опорави“, изјави Жељка.

Рекла дека секој ден се јавувала на ветеринарот за да дознае во каква состојба е бувот и дали се опоравува, а тој и возвратил со фотографии.

„Се надеваме дека ќе биде добро и дека ќе може да се врати во својата природа. И постојано размислувам за нејзините убави очи додека ја галев и ѝ кажував дека ќе биде добро. Па сега видете што може да ви го подобри животот“, рече Жељка.