Приклучок за полнење електрични возила на нови згради

Новите згради во Велика Британија од следната година ќе мора да имаат приклучоци за полнење на електрични автомобили, предвидува новиот закон што го објави кабинетот на британскиот премиер.

Законот треба да и донесе на Англија до 145.000 нови приклучоци годишно до 2030 година, кога Британија планира да ја забрани продажбата на нови автомобили на бензин и дизел.

Приклучоците ќе треба да имаат нови станбени и деловни објекти, како што се деловен простор и супермаркети, како и оние што се реновираат или имаат повеќе од 10 паркинг места.

По консултации со индустријата, владата одлучи да го олесни и забрза преминот кон електрични возила и опцијата за бесконтактно плаќање на сите нови точки за брзо и супербрзо полнење.

Забрзаното инвестирање во инфраструктурата на електричните возила е составен дел од стратегијата за постигнување нето нула емисии што британската влада ја објави минатиот месец.