Македонија

Прилеп: Четворица средношколци се во изолација поради случаи со Ковид-19 во семејствата

Ситуацијата во прилепските училишта се оценува како стабилна. Има четворица средношколци, веднаш ставени во изолација поради случаи на заболени во семејствата.

Наставата е континуирана и будно се следи состојбата. На четвртоодделенците им стигна е-библиотеката.

Досега осум родители, оправдано, побарале настава од дома за нивните деца, а над 700 гимназијалци наредните два месеца ќе имаат он-лајн настава поради градежни работи во училишната зграда. Во училиштата сѐ е според протоколите.                                                                            

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни