Македонија

Прилепчанец осум дена во притвор поради закани кон кандидат за градоначалник, МВР фати 5 лица кои вршеле поткуп, а ЈО постапува со приоритет

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа привело 5 лица кои вршеле поткуп. Четири лица на подрачјето на Драчево, при што кај нив пронајдени се 121.000 денари и 250 евра и едно лице од општина Лозово кое давало и нудело пари, а лицата кои добивале се потпишувале на документ дека примиле пари.

Поради закани пак упатени кон еден од кандидатите за градоначалник во Прилеп, лице на 27 годишна возраст заработи 8 дена притвор.

По сите овие прекршоци, комисија при Јавното обвинителство постапува итно и со приоритет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни